Како да се поврзе WMS со ERP Pantheon за оптимално управување со залихите

Управувањето со залихите е клучно за ефикасно работење на компаниите во денешното брзо менливо деловно опкружување. Warehouse Management System е софтверско решение кое им овозможува на компаниите подобро управување со залихите и процесите во магацинот. Во овој блог ќе ги истражиме предностите на WMS системот и како да го поврзете со ERP Pantheon за подобрено управување со залихите и комуникација помеѓу секторите (продажба, набавка, издавање).

Што добива компанијата со WMS системот?

Компаниите со WMS систем добиваат:

  • Подобра прегледност на залихите: Системот овозможува следење на залихите „во реално време“ (in real time), што придонесува за подобра видливост и точност на информациите за состојбата на залихите.
  • Зголемена ефикасност: Автоматизацијата на процесите, како што се примањето, складирањето и издавањето на стоката, ја зголемува ефикасноста и ги намалува можностите за грешки.
  • Оптимален распоред на залихите: WMS системот помага при планирањето и оптимизацијата на распоредот на залихите во магацинот, што овозможува побрзо пребарување и издавање на производите.
  • Подобра организација и со тоа помала можност за грешки: Со управувањето со залихите преку WMS системот се намалува ризикот од грешки при издавање на погрешни производи на клиентите.
  • Зголемена флексибилност: Системот овозможува полесно прилагодување на промените во побарувачката, трендовите и сезонските флуктуации.

Како да изберете WMS систем? Изборот на вистинскиот WMS систем е клучен за успешна имплементација. При изборот, земете ги предвид следните чекори:

  1. Анализа на потребите: Дефинирајте ги вашите специфични потреби и цели за управување со залихи и пронајдете WMS систем, кој најдобро ќе ги поддржи истите.
  2. Функционалности: Проверете дали избраниот магацински систем вклучува клучни функционалности, како што се следење на залихите, управување со нарачки, известување итн.
  3. Интеграција: Осигурете се дека избраниот магацински систем лесно ќе може да се интегрира со ERP Pantheon системот.
  4. Приспособливост: Изберете WMS систем, кој овозможува прилагодување и надградба во согласност со растот и промените во работењето.
  5. Референтни примери: Проучете ги искуствата на другите компании со поединечни магацински системи и донесете одлука врз основа на позитивните искуства.

Поврзувањето помеѓу магацинскиот систем и ERP Pantheon е клучно за оптимизација на управувањето со залихите и комуникацијата во компанијата. Изборот на вистинскиот WMS систем и успешната имплементација на поврзувањето можат да донесат бројни предности, вклучително подобра видливост на залихите, зголемена ефикасност, како и овозможување подобра усогласеност помеѓу синџирот на снабдување и побрзо и попрецизно одлучување при испраќањето на стоката.

Наесен ќе организираме бесплатни вебинари на тема магацински систем и ќе претставиме практични примери за имплементација. Сакате да направите чекор напред? Пријавете се на е-билтенот за навреме да го дознаете датумот на вебинарот.

wms smartbit pantheon datalab

SmartBit

PRIJAVI SE NA E-NOVICE

S prijavo na e-novice soglašate, da SmartBit d.o.o. obdeluje vaše osebne podatke za namene pošiljanja e-novic. Od novic se lahko kadarkoli odjavite. Več o tem si lahko preberete tukaj.

Scroll to Top