Замислете вашето магацинско работење да се одвива брзо, ефикасно и со минимален број на грешки. Со оваа цел го развивме WMS@SmartBit – Warehouse Management System, кој ќе го промени начинот на кој управувате со вашите магацини и ќе ја преземете контролата врз вашите процеси во магацинот. Тимот на SmartBit ги собра причините зошто да го изберете WMS@SmartBit за дигитализација на магацинот.
WMS@SmartBit е целосно интегриран со ERP Pantheon.

Зошто да го изберете системот WMS@SmartBit?
- Прецизност и сигурност:
- Системот WMS@SmartBit обезбедува високо ниво на прецизност и сигурност. Со следење на залихите во реално време и автоматизирани процеси, ќе ги намалите грешките и ќе ја подобрите точноста на процесите во магацинот.
- Флексибилност:
- WMS@SmartBit се прилагодува на специфичните потреби. Без разлика на големината на вашиот магацин или дејноста, системот се прилагодува за оптимално да го поддржи вашето работење.
- Едноставност при користење:
- Нашиот кориснички интерфејс е едноставен за користење бидејќи е дел од системот Pantheon. Со минимална обука, вработените ќе го совладаат системот, што значи брза интеграција без поголеми тешкотии.
- Интеграција со други системи:
- WMS@SmartBit овозможува интеграција со други клучни системи во вашата компанија, како што се MNF@SmartBit, MES@SmartBit, INVENTURA@SmartBit, Аналитика итн. Ова овозможува непречено работење на целокупниот деловен процес.
- Поддршка и обука:
- Нудиме поддршка и обука за да се осигураме дека вашиот тим целосно ќе го искористи потенцијалот на системот WMS@SmartBit. Нашиот тим е секогаш тука да ви помогне при прашања или тешкотии.
- Зголемување на продуктивноста:
- Со автоматизација на клучните процеси и оптимизација на магацинските операции, WMS@SmartBit ќе ја зголеми продуктивноста на вашиот магацин. Побрзите времиња на исполнување на нарачките и намалувањето на грешките значат поголемо задоволство на клиентите.
- Иновација за иднината:
- WMS@SmartBit не е само решение за моменталната ситуација, туку и инвестиција во иднината. Со постојани надградби и иновации, секогаш ќе бидете чекор пред конкуренцијата.
WMS@SmartBit не е само систем за управување со магацин, туку со него преземате контрола врз своите процеси. Тој е клучот до поефикасно, попрецизно и иновативно магацинско работење, кое можете да го надградите со дополнителни решенија како што се Inventura@SmartBit, Аналитика и други производствени решенија.



